Ќе започнам малку заобиколувајќи за да дадам едно пошироко објаснување за Хидроцентралите кои денес се нејефтиниот начин на производство на електрична енергија. Истата има можност за искористување на потенцијалот до 90% за разлика од сите парни машини кои не преминуваат 60%. Нашиот РЕК Битола не постигнува повеќе од 40%. Првата Хец е изградена далечната 1882 во сојузната држава Винсконсин во САД. Хец овозможува производство на домашна електрична енергија со што се избегнува зависноста од потреба за увоз од меѓународниот пазар. Не треба посебно да нагласувам дека енергијата добиена од Хец е обновлива , бесплатна и зелена. Со изградба на Хец се прави брана и акумулација која влијае на намалување на екстремите на климата и помага за обновување на вегетацијата.
Хец се најдобрите енергетски извори за вклучување и исклучување во систем честопати со можност за синхрнизација во системот која се мери во минути.
Секогаш кога некоја земја имала интензивен развој имало изградба на големи Хец системи кои покрај финалниот производ имаат голем импакт врз локалната економија за време на самата нивна изградба. Имено за време на динамичниот развоја на поранешната Југа кога во една година сме имале ист степен на развој како Јапонија била реализирана Хец Ѓердап. Нема да нагласувам дека за време на големата депресија во САД за рестартирање на економијата била започната изградбата на Хјувер браната која и денес генерира профит. Замавот кој го зеде Кина и овозможи да ја скроти моќната ЈангЦе со Трите Прекрасни брани со моќност од 22,500MW и можност да снабдуваат со енергија 60 милиони жители на Кина. Инаку овај проект го зеде приматот од браната помеѓу Парагвај и Бразил за најголема Хец на светот.
Азија е континентот каде има најголем инсталиран капацитет од Хец па следи Европа и Северна Америка. Додека од земји поединечно најголем број на инсталации има Кина, Бразил, Канада, САД…
1. China: 856.350 billion kilowatt hours a year.
2. Brazil: 411.189 billion kilowatt hours a year.
3. Canada: 376.706 billion kilowatt hours a year.
4. United States: 276.240 billion kilowatt hours a year.
5. Russia: 164.423 billion kilowatt hours a year.
6. Norway: 140.473 billion kilowatt hours a year.
7. India: 124.569 billion kilowatt hours a year.

продолжува….