Потпишување на билатерални договори за избегнување на двојно оданочување на Македонските иселеници во оние земји каде концентрацијата на наши иселеници е или станува се поголема.

Изготвување на посебна апликација за регистрирање на Македонски државјани -иселеници при влез во Р. Македонија а со која ќе се избегне потребата од пасошка проверка и ќе се намалат редовите на чекање!

Отварање на сите државни институции за волонтери Македонци родени надвор од Македонија. Креирање на веб страница каде ќе се разменуваат искуства од разликите на сервисите во Македонија и во државата во која живеат.

„Македонски инвеститор на годината„ –Доделување награда на најдобриот Македонец кој инвестирал или обезбедил најголема инвестиција од странство во текот на една година.

Воведување на секогаш јавно достапен мерач на сите приходи на државата и издвојување на приходите со странски дознаки од Македонските иселеници. Со ова ќе се обзнани уделот на Македонските иселеници во помагање на Македонскиот стандард и економијата.

Годишна програма за Културна промоција на Македонија пред своите граѓани на сите контитненти во градовите со поголема концентрација на Македонци

Водење на Единствен регистар на носители на угледни и јавни функции на Македонски иселеници низ светот како адвокати, лекари, политичари ..и сл.

Воведување на секогаш достапна интернет телевизија со најгледаните телевизиски и радио канали од Македонија.

Спроведување на попис со цел да се попишат сите Македонци во дијаспората а кои подоцна ќе се најдат на посебен избирачки список за гласање.