Во претходниот пост објаснив некои основи за Хец. Денес ќе се обидам да го проширам истото и да споредам со другите алтернативни зелени извори на енергија.
Хец генерално има неколку изведби и тоа проточни и акумулации со висок пад кои можат да бидат класични или реверзибилни. За ревирзибилна брана потребни се две брани. Првата Хец има можност да работи во генераторски мод кога е потребна електрична енергија или како пумпа кога има вишок на енергија во системот. Имено во вториот мод водата поминала низ турбината и се наоѓа во долната акумулација и истата има можност да се движи обратно при што троши енергија и ја качува водата од долната акумулација во горната.

Цената на Хец ја зголемуваат пропратните елементи кои треба да се изведат. На пример на Трите Прекрасни брани во Кина има 9 рампи со кои се подигаат бродовите кои пловат по самата река, но тоа не е се имено за подигање на брод од долната до горната брана потребни се 4 часа што е премногу долго за патничките бродови па за нив има екстра рампа единствена на светот која може да подигне брод за половина час. Низ реката има движење на биолошки материјал кој доколку нема систем на испуштање би ја блокирал браната па истата има систем на хидраулични вентили. Поради порозното земјиште на основата и опасност да попушти пред изградбата беше вбризгувана специјална смеса.
За разлика од сето погоре споменато при изградбата на нашите Хец нема потреба од никаков екстра трошок и Галиште има можност од инсталирани 180 MW наместо само да служи како акомулација за Чебрен да биде реверзибилна.

Како многу пати до сега ќе нафрлам дека Хец браните имаат животен век од 150 или 200 години за разлика од фотоволтаиците кои немаат подолг век од 20 години или ветерниците со сличен животен век.

Сега да пробам да објаснам зошто прво треба да се погрижиме за зрелото овошје наместо да размислуваме за зеленото. Ветерна фарма од 600 MW која
е има 5 пати покус животен век со скоро три пати помало производство на енергија без можност за реверзибилност ја чинеше државата колорадо $1.2 милијарди. За систем од 60 MW фотоволтаичен парк во Олмедила Шпанија се потрошени 530 милиони евра да не пресметувам 10 пати повеќе колку е блок Хец Чебрен и Галиште.

The Olmedilla Photovoltaic (PV) Park uses 162,000 flat solar photovoltaic panels to deliver 60 megawatts of electricity on a sunny day. The entire plant was completed in 15 months at a cost of about $530 million at current exchange rates. Olmedilla was built with conventional solar panels, which are made with silicon and tend to be heavy and expensive.

Denver—Colorado, already a leader in generating wind power in the United States, is about to get its biggest wind farm. The 600-megawatt project is expected to be built in eastern Colorado and produce enough power for 180,000 homes in the state.

Few details are available but the wind farm would likely cost its owner, Xcel Energy, between $900 million and $1.2 billion to construct, according to the Denver Business Journal.

продолжува…. .