#Затоплување

Повторно доаѓа зимата и пред нас е уште една година на гламурозен барок но и алармантни загадувања во Битола, Скопје, Тетово и насекаде низ државата.
Цела година се договаравме кој повеќе загадува но никакви мерки не се превземени за намалување не пак за елиминирање на проблемот на загадувањето.
Општите мерки веќе сум ги објавил во многу постови и оваа година само ќе ги споделам кога состојбата со загадувањето ќе постане аларманта но сега да додадам неколку можности за екстремно намалување на загадувањето и на цената која ја плаќате за домашно затоплување.

Наместо 30 милиони евра нов долг за Битола за лудост која ќе ја платиме повеќекратно во смисол на основица, камата но и намалување на снагата на третиот блок и топлински загуби при пренос ќе предложам еден преоден систем.
Имено без разлика кога ќе се донесе гасовод до Битола ние мораме да почнеме да работиме на дистрибутивната мрежа. Наместо централен гасовод може зградите да користат 2 – 5 тонски резервоари додека куќите помеѓу 200 литри до 1 тон. Градот може да се обрзе доколку донесе природен гас пред истекот на животниот век да изврши откупување на преостанатиот животен век но со каква инерција се одвиваат работите кај нас првите корисници ќе треба да си набават уште еден резервоар.
Доколку се затоплувате на природен гас нема никаква нус појава, и истиот може да се користи за готвење. Цената особено денес ќе биде најниска можна во споредба со било кој друг систем на затоплување па и од дрвата.
Една тајна или нуклеарна наука за многу наши вработени во енергетскиот сектор дека на светскиот пазар има “плитки” и “длабоки” системи за екстракција на природен гас од ѓубрето од домаќинствата кое го гориме на отворено и дополнително загадуваме. Во некои пософистицирани системи може ѓубрето да се меша и со биомаса па да се ферментира и да се добие поголема количина на природен гас.

Во коментар имам споделено два линка од кои еден е од Индија и прикажува колку едноставно и ефтино може да се направи системот и вториот е малку посложен од западно производство. Без разлика во двата се објаснува како се добива природен гас од ѓубре кое може да се користи за #затоплување .

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top