Борба против загадувањето на воздухот

Борба против загадувањето на воздухот

 

  1. Идентификување на контрибуторите на загадување во воздухот

Површинска и детална анализа за % придонес на пооделните загадувачи на амбиенталниот воздух. Површинската со цел на назначување на итни мерки со кои ќе се влијае на намалување на загадувањето во моментот додека деталните мерки со цел да се направи програма од која ќе произлезат сет на закони со кои ќе се влијае на загадувањето на долг рок, во кој исто ќе бидат опфатени и можните идни загадувачи.

 

1.1 Индутриски капацитети

1.2 Енергетски производители

1.3 Транспорт

1.4 Затоплување

1.5 Градежништво

1.6 Земјоделие

1.7 Отпад и негово одлагање

1.8 Прашина

 

  1. Акционен план за промена на востановените практики со цел намалување на загадувањето во воздухот

 

2.1 Поставување на филтри на сите индустриски капацитети во приватна но и во државна сопственост

2.2 Како краткорочни решенијапоставување на филтри на РЕК Битола, долгорочно изградба на Чебрен и Галиште кои заедно со ветерни и соларни фарми, како и мали и микро ХЕЦ ќе го заменат целосно производството на најголемите загадувачи.

2.3 Транспорт

За новите возила кои ги исполниле нормите за увоз технички преглед после првите 5 години од прва регистрација, на возилата потоа преглед секоја година на постарите секои 6 месеци дали издувните гасови ги исполнуваат фабричките бројки за дозволени издувни гасови.

Во јавниот транспорт маркирање на возилата кои се движат во градските подрачја и оние кои се движат на меѓуградски, еквивалентно и за теварните возила кои вршат дотур на роба. Било кое возило на Јавниот превоз кој се движи исклучиво во градско подрачје да има мотор на ТНГ или електричен, моторите да бидат субвенционирани подеднакво за Јавното претпријатие во Скопје и сите приватници во државата.

Сите нови набавки на возила кои ќе се употребуваат во градска средина и се во сопственост на државата да бидат на ТНГ, хибрид или на електричен погон

Кај Јавниот транспорт подобрување на:

1 Пристапноста

2 Држачи за велосипеди

3.Затоплени постојки

2.4 Забрзување на гасификацијата на земјата но и започнување со изведба на локалната мрежа.

На краток рок поставување на резервоари на ТНГ на сите училишта и државни објекти кои се затоплуваат на мазут, дизел или било кој друг енергенс кој загадува. Инсталирање на КОГЕН на сите поранешни топлани низ државата со што ќе се произведува електрична енергија но и пареа за затоплување на домовите. Откако гасната инсталација ќе дојде до истите да се изврши преместување на резервоарите во руралните средини кои не се опфатени со проектот на гасификација.

План за енергетска независност според сопственоста на објектот

2.5 Донесување на законска регулатива со која ќе се забрани било каква активност која предизвикува прашина без инсталиран систем за вбризгување на водена прашина.

2.6 Намалување на количината на ѓубре на отворено на минумум со негова употреба како финален производ за ѓубрење на земјиштето, производство на електрична енергија, или негово горење во печки кои ќе бидат регионални за горење на ѓубрето од градовите за што ќе се донесе законска регулатива. Обновување на појасите и правење нови низ државата со што при случај на пожар би можело побрзо ставање на истите под контрола.

2.7 Reduce, Ruese, Recycle

  1. Локални објекти за одлагање на ѓубре
  2. Печка на државно ниво за одлагање и согорување на опасно ѓубре
  3. Канти за рециклирање понудени на приватници на кои тие ќе објавуваат рекламен материјал
  4. Субвенционирање на бизниси кои ќе произведуваат електрична енергија од отпад во висина на намеленото исфрлање на ЦО2

2.8  На многу места каде има појава на прашина при процесот на работење да има примена на законската регулатива од градежништвото.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top