ДА НЕ ГО ЗАБОРАВИМЕ ЈАЗИКОТ

Не смее да се заборави она основното, дека учењето и негувањето на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е основа за зачувување на македонскиот идентитет.

Јазикот е основата на нашето битие, на нашето постоење. Како меѓусебно комуницираме, колку го зборуваме нашиот јазик? Помладите генерации на македонци, не го знаат, не го зборуваат македонскиот јазик. Да не зборуваме дека ниту знаат да пишуваат. Се помалото познавање на македонскиот јазик, се загрозува зачувивањето на идентитетот.

Дали е вината само кај родителите. Што можат пратениците да помогнат на тоа поле.

Oд суштествен интерес на Македонија е, Македонците, каде и да се, да го зачуваат македонскиот јазик, да ја негуваат македонската култура, традициите, обичаите и фолклорот и на тој начин да го зачуваат македонскиот идентитет.

Целосното интегрирање во средините каде и да сме не значи губење на македонскиот национален идентитет и јазик, напротив, современите западни демократии одат во прилог на повеќекултурноста и негување на сите доселеници во земјите во кои живеат.

Ако нема иницијатива, помош и планска работа за изучување на јазикот, од Македонија, не треба многу да се очекува само од дијаспората.

Заложбите за подобра работа за изучување на Македонскиот јазик, не само преку соработката со МОН, со праќање на учители во странство, туку и со другите начини за учење на јазикот, треба да биде системска обврска на сите институции во Македонија задолжени за дијаспората, а пратениците, од согледувањата на терен, да даваат предлози за дополна на активностите/ курсевите „Добредојодвте на Македонски“, програмата „Учете македонски /онлине“ и др.

Летните кампови на децата од дијаспората, кои одвоено ги организираат МНР и Агенцијата, треба да се променат и поинау организираат.

ЗБОРУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ, УЧЕТЕ НА МАКЕДОНСКИ!

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top