#Хец Чебрен и Хец Галиште 3

 

Да го започнам овај пост со неколку информации за можностите за изведување на Хец чебрен и Галиште и со тоа да ве насочам да ги поделите коментарите на за и околу потребата за инвестиција и за стручни за специфичен дел од изведбата на хидроцентралите кои можете слободно да ми ги напишете и во приватна порака секако доколку имате некои познавања на проблематиката.
Мислам добив прашање зошто се појавиле поплави во Денвер, а јас тврдам дека браната Хјувер ги решила проблемите со поплави. За екстра инфо Денвер се наоѓа на неколку илјади километри по горното течение на реката Колорадо.

За изведба на Хец Чебрен и Галиште има 8 варијанти кои се разликуваат и по висина на браните но и по инсталирана моќност заедно со протокот. Нема во овие постови да форсирам ниедна варијанта затоа што крајниот избор сепак треба да се донесе според дотокот на вода од Црна река но и од планот колку вода ќе може или ќе треба да се користи во Пелагонија за некој одржлив развој. Сите варијанти ги имам во детална форма и како реков би дискутирал со секој кој има некое познавање.

Одиме понатаму. За било која од 8 те варијанти ќе треба огромна количина на Цемент. Значи заедно со заокружувањето на финансиската конструкција, државата треба да отпочне со изградба на Цеметарница на пределот помеѓу Битола и Прилеп. Истата треба да функционира под државна капа се додека не се заврши целиот проект и не се обезбедат сите пристапни патишта за и околу браната, поврзување на Мариово со Битола и мал пат до Гевгелија.
Штом се заврши со проектот фабриката да се отуѓи, да се покријат преостанатите кредитни линии подигнати за нејзина изградба доколку има, останатите средства да бидат употребени во изградба на станбен простор за социјални случаи за да не се дисбалансира пазарот кој УСЈЕ Цементарница го имал претходно.

Оваа фабрика би требало да има директно околу 500 вработени додека индиректно уште дополнително 500 кои би земале плата околу 60 000 денари. Оваа фабрика може да влезе уште првата година во топ 20 компании во Македонија како што е УСЈЕ Ценетарница Скопје. За информација огромен дел од материјалот кој е потребен за производство на цемент доаѓа од РЕК Битола што значи можеме уште повеќе да ја намалиме цената на целокупната инвестиција.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top