Енергетска Програма

Енергетска независност за Република Македонија треба да биде приоритет, нема стабилна земја која нема енергетска независност. Програмата има долгорочни, среднорочни како и краткорочни проекти за остварување на целосна енергетска независност, задоволување на потребите од домашни ресурси како и задоволување на строгите Европски норми за загадување. Во програмата има исто и идеи за искористување на рудните и минералните богатства на државата со што дефинитивно ќе се постави акцент на приватната сопственост и одделување на државата од инвестирањето во сектори како енергетиката, искоритување на рудните и минералните богатства.

Енергетска сектор и енергетска независност

1.Термо централи

Задоволување на потребите за енергија и енергетска називисност се од исклучителна важноост за целокупниот развоја на економијата и со тоа на државата па според тоа јагленот е од исклучително значење за долготрајно и економски оптимално производство на електрична енергија. Според тоа експлоатацијата на постојните рудници на лигнит во кругот на РЕК Битола, како и доискористување на локалните наоѓалишта околу РЕК Осломеј се од особена важност. Во делот на нафтени мапирања и мапирања на геотермални извори ќе се внимава да се изврши и мапирање на нови наоѓалишта на јаглен.

  1. Изградба и ревитализација на ХЕЦ

3.1.1 Изградба на нови ХЕЦ

Хидроцентралите кои денес се нејефтиниот начин на производство на електрична енергија. Истата има можност за искористување на потенцијалот до 90% за разлика од сите парни машини кои не преминуваат 60%. РЕК Битола не постигнува повеќе од 40%. Хец овозможува производство на домашна електрична енергија со што се избегнува зависноста од потреба за увоз од меѓународниот пазар. Не треба посебно да нагласувам дека енергијата добиена од Хец е обновлива , бесплатна и зелена. Со изградба на Хец се прави брана и акумулација која влијае на намалување на екстремите на климата и помага за обновување на вегетацијата.  Хец се најдобрите енергетски извори за вклучување и исклучување во систем честопати со можност за синхрнизација во системот која се мери во минути.

 

3.1.2 Чебрен и Галиште

За изведба на Хидро електричите централи Чебрен реверзибилна и Галиште има повеќе  варијанти кои се разликуваат и по висина на браните но и по инсталирана моќност заедно со протокот. После договор со сите чинители на земјоделието во Пелагонија и донесување за закон за води на одредена територија да се оди со решение на изведба на највисока можна брана според дотокот на вода и според потребата за резерва на вода за искористување на можноста Чебрен да биде батериска станица за пеглање на разликите на вишоците на енергија во ноќните часови од РЕК Битола но и на поголемиот број на инсталации од соларни панели ветрни фарми и други непостојани енергетски извори.

Одиме понатаму. За било која варијанта ќе треба огромна количина на Цемент. Значи заедно со заокружувањето на финансиската конструкција, државата да отпочне со изградба на Цеметарница на пределот помеѓу Битола и Прилеп. Истата треба да функционира под државна капа се додека не се заврши целиот проект и не се обезбедат сите пристапни патишта за и околу браната, поврзување на Мариово со Битола пат до Гевгелија со што би се поврзала Битола со Гевгелија но и би значело ревитализација на Мариово.

Штом се заврши со проектот фабриката да се отуѓи, да се покријат преостанатите кредитни линии подигнати за нејзина изградба доколку има, останатите средства да бидат употребени во изградба на станбен простор за социјални случаи.

 

2.1.2 Бошков мост, Луково поле

2.1.3 Мали и микро ХЕЦ

Мапирање на сите мали и микро ХЕЦ и понуда на приватните инвеститори, особена внимание дасе посвети на намалување на инвестиционите трошоци со понудување на компактни решенија на веќе инсталирана опрема и автоматика во контејнерски решенија кои само би се поврзале на местото на инсталација.

2.1.4. Ревитализација на постоечките ХЕЦ

Инвестициите во ревитализација на постоечките хидроелектричните централи да одат во правец:

. Искористување на целосниот водниот потенцијал на постојните хидроелектрични централи,

Модернизација на целокупната опрема со нова, следејќи ги последните технолошки достигнувања во оваа област, зголемување на моќноста на агрегатите, добивање поголемо производство, намалување на тековните трошоци за одржување и како крајна цел зголемување на сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем на Македонија

SCADA далечинско управување

2.5 Топлифицирање на Новаци и делови од Пелагонија

Извод на пареа од третиот блок од РЕК Битола со цел на искористување на можностите за раноградинарско производство под оранжерии во Пелагонија во близина на РЕК Битола

  1. Ветерни фарми

2.1 Ветерни фарми во Штип и Гевгелија

Изградба на 5 постоечки фарми за кои постојат детални анализи и пресметки во мојата Магистерска работа.

2.2 Мали ветерни инсталации

Целосна либерализација на пазарот на мали ветерни фарми со токупување на вишокот на произведена енергија.

2.3 Создавање на закон за групирање на капитал

Со цел на олеснување на  постапката за понуда на концесии, како и забрзана изградба на енергетски објекти  предвидуваме промена на постапките за доделување на концесии. За таа цел е потребно создавање на тело кое ќе изврши мапирање на енергетскиот потенцијал на државата во ХЕЦ, Соларни панели и ветерни фарми каде ќе има анализи за протокот на вода/ветер, сончеци часови и на нивна основа ќе се понуди концесија на приватниот сектор во целосна приватна сопственост за малите или мешовита приватна и државна сопственост за големите извори на енергија како Чебрен и Галиште но со обавезно доминантно приватна сопственост и контрола на капиталот. Да се создаде берзанска можност и регулатива за окрупнување на малиот капитал со цел да може да учествува на наддавањето за одредена концесија како едно правно лице.

  1. Соларни панели

3.1 Дистрибутувна инсталација на соларни панели со подобрување на аголот на активна и рекативна снага

Инсталирање на паметни соларни системи на дистрибутивната мрежа со кои покрај производство на енергија и контрола на системот би се овозможило намалување на Џуловите загуби со пеглање на аголот на активна и реактивна енергија со активни паметни системи кои го овозможуваат истото.

3.2. Индивидуални соларни панели

Преговори со ЕВН за условите потребни да ги исполни државата за да на физичките лица  им биде овозможено да инсталираат фотонапонски постројки за производство на електрична енергија на објектите кои се во нивна сопственост, при што произведената електрична енергија ќе ја користат за свои потреби но и вишокот ќе го пласираат во системот на дистрибутивната мрежа.

По истиот принцип договарање на друг сет правила со ЕВН за да на правните лица им биде овозможено да инсталираат фотонапонски постројки за производство на електрична енергија со поголема моќност на објектите кои се во нивна сопственост, при што произведената електрична енергија ќе ја користат за свои потреби, но ќе се овозможиме и вишоците на произведената енергија според однапред дефинирани правила да имаат можност да ги пласираат на слободен пазар, по пазарни цена, до лимит ограничен со можностите на дистрибутивниот.

Во правец на популаризирање на користењето на енергија произведена од зелени извори да се создаде домажен систем на зелен производ со нагласена %  застапеност на зелена енергија во процесот на изработка на еден конкретен финален производ,

3.3 Создавање на закон за групирање на капитал

Да се создаде берзанска можност и регулатива за окрупнување на малиот капитал со цел да може да учествува на наддавањето за одредена концесија како едно правно лице.

  1. Гасификација

4.1. Изградба на гасовод

Интензивирање на изградбата на предвидените гасоводни линии

4.2. Локална мрежа

Во Македонија за загадувањето се зборува повеќе во зимскиот период другиот дел од  година се договаравме кој повеќе загадува но никакви мерки не се превземени за намалување не пак за елиминирање на проблемот на загадувањето.

Имено без разлика кога ќе се донесе гасовод до градовитево Македонија ние мораме да почнеме да работиме на дистрибутивната мрежа. Наместо централен гасовод може индивидуалните станбени објекти да користат 20 – 50 тонски резервоари додека индивидуалните домови помеѓу 200 литри до 1 тон. Државата да се обрзе доколку донесе природен гас пред истекот на животниот век на резервоарите да изврши откупување на преостанатиот животен век на истите и да ги пренесе во руралните средини каде нема да има гасоводна мрежа подолг временски период.

На светскиот пазар има “плитки” и “длабоки” системи за екстракција на природен гас од ѓубрето од домаќинствата кое го гориме на отворено и дополнително загадуваме. Во некои пософистицирани системи може ѓубрето да се меша и со биомаса па да се ферментира и да се добие поголема количина на природен гас.

4.3. Замена на горилниците на старите топлаани со когеретавни централи

Хибридните системи се познати по огромните заштеди кои ги имаат. Македонија има многу топлани кои имаат инфраструктура и крајни корисници. Доколку се отстранат старите дотраени и неекономични котли и се заменат со хибридни когенеративни гас електрични котли може да се постигне екстремно ниска цена на енергијата која ќе се испорачува на корисниците.

Имено когенеративната единица користи природен гас или може да има влез од соларни панели. Доколку користи природен гас како енергенс прво произведува електрична енергија која ќе се продава на системот со што ќе може да се отплати инвестицијата на менување на котлите на период помал од 10 години додека корисниците ќе ја покриваат цената на енергенсот која без исплаќање на кредит за инвестицијата ќе биде изразито ниска.

4.4. Местење на надземни складишта

Законска регулатива за заштита на инсталација на надземни резервоари на течен гас.

  1. Енергетска ефикасност

Кампањи во печатените и елеткронските медиуми за употреба на нови ефикасни енергетски потрошувачи пропратени со откуп на старите кои треба да се променат со цел да се намали трошокот на населението. Особено нагласок на светилките кај кои има ренесанса со новите ефикасни ЛЕД светилки како и разладните уреди.

5.1 Фонд за енергетска ефикасност на фасадите

Формирање на тело во универзитетски професори од Архитектура и Градежен факултет кои ќе предлагаат најекономични решенија актуелни на светскиот пазар за промена на постоешките фасади со енергетски ефикасни, инсталирање на истите со понудени кредитни линии на жителите на објектите за приватно живеење кој ќе се исплатува преку намалените енергетски сметки односно електрична енергија и затоплување.

На државниот универзитет поради тоа има потреба од тело Енергетска ефикасност кое ќе ги обедини сите експерти во енергетиката, енергетската ефикасност, градежништвото и архитектирата, истот ќе се финансира со средства кои ќе добива од државата преку контрола и анализа на реализацијата на постоечките проекти но и контрола на проектите кои се нудат на приватните концесионери според одреден ценовник и според пазарното правило повеќе анализа повеќе средства.

Во телото за енергетска ефикасност, да се даваат насоки од областите каде истите имат потреба од експерти енергетичари, градежни инжинери, архитекти и со тоа насоки каде државата ќе стипендираат студенти.

 

Насоки

5.1 Топловодни инсталации

 

5.2 Микро геотермални инсталации

Посебна законска регулатива со посебен дел во правилникот за користење на минерални суровини со цел да се олесни користењето на геотермалната енергија од страна на граѓаните со законска под регулатива која ќе дозволи субвенционерање на дел од опремата.

  1. Преносна мрежа
  2. SCADA систем

Комплетно имплеметриање на SCADA системи кој заедно со моќни комуникациски врски,  софтверот и хардверот во станиците за производство на електрична енергија, ќе обезбеди  оптимално решение за секоја операција на процесите кои ќе бидат флексибилни со напредните контролни структури. SCADA во производството на електрична енергија ќе  врши надзор над неколку операции, вклучувајќи заштита, контролирање и следење.

Континуирано следење на брзината и фреквенцијата

Географски мониторинг на испорака на јаглен и процеси на третман на вода

Надгледување на статусот на прекинувачи, заштитни релеи и други операции поврзани со безбедноста

Планирање на операции на генерации

Активна и реактивна контрола на моќноста

Заштита на турбините

Распоред на оптоварување

Историја на обработка на податоци од сите генерации поврзани параметри

SCADA за дистрибуција на електрична енергија

Системот за дистрибуција на електрична енергија се занимава со пренос на електрична енергија од производната станица до оптоварувањата со употреба на преносни и дистрибутивни трафостаници. Повеќето од претпријатијата за дистрибуција на електрична енергија или комуналните претпријатија се потпираат на рачна работа за извршување на задачите за дистрибуција, како прекинување на моќноста за вчитување, целиот параметар на часовна проверка, дијагностика на грешки и сл. Спроведувањето на SCADA на дистрибуцијата на енергија не само што ја намалува рачната работа и неговата цена, но олеснува автоматско непречено работење со минимизирање на прекините.

SCADA за дистрибуција на електрична енергија

 

SCADA во електроенергетскиот систем, каде што ги собира целите податоци од различни електрични подстаници (дури и на оддалечени локации) и соодветно ги обработува податоците. Програмираните логички контролери во трафостаниците постојано ги следат компонентите на трафостаницата и соодветните го пренесуваат до централизиран систем базиран на компјутер SCADA. Во случај на прекин на напојувањето, SCADA овозможува да се открие точната локација на дефектот, без да се чека повик од клиенти. SCADA дава алармен систем на операторите за идентификација и спречување на тоа. Исто така и во трафоставите SCADA автоматски ги контролира изолаторските прекинувачи и прекинувачите за нарушување на границите на параметрите, со што континуираната проверка на параметрите се изведува без линиски работник. Некои од функциите на SCADA во системот за дистрибуција на електрична енергија се дадени подолу.

 

Подобрување на ефикасноста на електроенергетскиот систем преку одржување прифатлив опсег на фактор на моќност

Ограничување на максималната побарувачка на енергија

Континуирано следење и контрола на различни електрични параметри во нормални и абнормални услови

Трендирање и алармантно за да им се овозможи на операторите да се справат со проблематичното место

Историски податоци и гледање тоа од оддалечени локации

Брз одговор на прекин на услугите на клиентите

  1. Минерални суровини

8.1 Создавање на државен орган за минерални суровини

Државното тело ќе ги регулира активности за фосилно гориво, односно нафтената индустрија, која вклучува, но не е ограничена само на лиценцирање на нафта, регулирање на истражување на јаглеводороди, дупчење на нафта и гас, екстракција на нафта од нафта, преработка на природен гас, топла вода, гас, песок, руди и рудни богатства со што би се обезбедува здрав развој на секторот за искористување на природните богатства, преку поттикнување на здрава животна средина, здрава економија и социјално добро но и допринесува до  зачувува ресурсите и екологијата со обезбедување на безбедни и ефикасни практики, како и помош на сопствениците на земја каде има рудни богатства да учествуваат подеднакво во производството производ од општествена добробит,

 

Извршување:

Комисијата има стабилна програма за спроведување со цел да обезбеди усогласеност со операторот.

Формулари:

Комисијата има воспоставено официјални форми кои операторите и другите треба да ги користат за комуникација со агенцијата.

Сослушувања:

Комесарите се состануваат приближно десет пати годишно за да разговараат за важни регулаторни прашања, да гласаат за предложените правила и да ги разгледуваат апликациите и наредбите пред COGCC. Ве молиме погледнете го распоредот на сослушувања за информации во врска со датумите, локациите и темите за дискусија за секое сослушување на комисијата.

Упатство за операторот:

Комисијата обезбедува детални и навремени упатства за операторите во врска со правилата, регулативите, политиките и релевантните форми што се во сила.

Нарачка:

Нарачките дозволуваат официјално креирање или модификација на правилата од страна на Комисијата. Поточно, наредбите ги адресираат прашањата како што се добро растојание, зголемена густина на густина, групирање и исклучоци. Понатаму, налозите им дозволуваат на  да се справи со извршните и административните одговорности.

Политики:

Комисијата воспоставува политики кои обезбедуваат детални упатства и јасност во рамките на правилата и прописите.

Правила:

Комисијата обезбедува правила и прописи за воспоставување на оперативни стандарди и барања за

8.2 Гео термални мапирања

8.3. Нафтени мапирања

Србија експлоатира 23000 барели на ден и со тоа задоволува блиску до 30% од потребите од домашно прозводство,Грција покрај старите нафтени полиња кај Кавала откри голем количини на нафта во Егејското море но и во областа по течението на реката Вардар. Во 2016 година Грција го дуплира производството на Нафта со стабилни предвидувања дека од 10000 барели на ден ќе се искачи наредните година на 35000 барели на ден.,Албанија последните години доста вложуваше во пронаоѓање на нови извори на нафта што на крајот вроди со плод со пронаоѓање на најбогатите полиња во областа на градот Дурес кои се веќе започнати да се експлоатираат.

Во Македонија уште во 1960 година компанијата Нафта Гас од Војводина вршела со тогашната технологија испитувања во селото Ерџелија во Овче полието кои дале позитивен резултат според тогашните стандарди односно без достапност на фракинг технологијата која овозможува експлоатација на многу посуви нафтени полиња. Покрај Овче Полието можност за пронаоѓање на Нафта има во Пелагонија, и по течението на реката Вардар.

 

Имено економската апсолутна нула би била некаде $65 по барел сурова Нафта. Сепак да продолжам со објаснување со цел да станат појасни економските бенефиции од пронаоѓање на Нафта и експлоатирање и по цена на $0 профит.

 

Доколку Македонија набави минимално 5 дрил сета во комбинација со фракинг машини би можела во некој среден случан да отвори 20 нови бушотини на годишно ниво. Знаејќи дека просечната цена на бушотина со поголема длабочина која би требало да има 20 сетина степени на фракинг чини околу $10 милиони долари доаѓаме до вкупна инвестиција која иако е без профит носи обрт од $200 милиони. На ова мора да додадем помеѓи 30% до 40% на градежни работи кои се потребни да се овозможи пристап и логистика на нафтените бушотини доаѓаме до бројка од $260 или $280 милиони.

8.4 Биомаса

Субвенционирање на производство на биомаса само на суровини кои би овозможиле зголемување на сточниот фонд во Македонија или би помогнале за поголем приход и исплатливост на земјоделски суровини кои се домашни

  1. Соработка на енергетскиот сектор со универзитетите

Имајќи ја предвид потребата од сериозни и детални анализи, кои пак се потребни за понудување на проекти во енергетиката кои ќе генерираат профит се јавува потребата од соработка со универзитетите во Македонија. На државниот универзитет поради тоа има потреба од тело Енергетска гилотиња кое ќе ги обедини сите експерти во енергетиката. Истот ќе се финансира со средства кои ќе добива од државата преку контрола и анализа на реализацијата на постоечките проекти но и контрола на проектите кои се нудат на приватните концесионери според одреден ценовник и според пазарното правило повеќе анализа повеќе средства.

Во државни енергетски компании АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО, да се даваат насоки од областите каде истите имат потреба од експерти енергетичари и со тоа насоки каде двете компании ќе стипендираат студенти.

 

  1. Контрола на горивата

Создавање на правилник во вид државна специјална публикација во врска со тестирањето на токсикологијата на бензините и управувањето со ризикот од бензин кој ќе има членови кои ги опфаќа прописите, стандардите и индустриските практики во врска со управувањето со ризикот од бензин. Бензинот е еден од највисоките волуменски течни горива произведени на глобално ниво така да мора да има прописи, како што се оние во согласност со Законот за чист воздух и многу други,и ќе ја обезбедуват Македонската влада со екстензивно овластување за регулирање на составот, производството, складирањето, транспортот и дистрибуцијата на бензинот практики, работници и изложеност на потрошувачите, етикетирање на производи и емисии од мотори и други извори дизајнирани да работат на ова гориво. Целиот животен циклус на бензин – од производство, преку дистрибуција, до крајната употреба – е предмет на детални, сложени и преклопуваат регулаторни шеми наменети за заштита на човековото здравје, благосостојба и животната средина. Во прилог на овие законски барања, индустријата има имплементирано широк спектар на доброволни стандарди и најдобри практики за управување со цел да се осигура дека ризиците од производството, дистрибуцијата и користењето на бензинот се минимизирани.

  1. Носење на законска регулатива за замена на дизел моторите со мотори на течен природен гас како, хибридни системи или потполно електрични батериски системи на сите учесници во превозот на патници во градските средини со посебни ослободувања а меѓу градскиот сообраќај, како и учесници со тешки товарни возила кои вршат локален дотур во централните градски средини.
  2. Нуклеарен блок

Отварање на дебата за замена на сите термоенергетски капацитети со Нуклеарен блок на брната Чебрен со што долгорочно би се решил проблемот се енергетска независност.